НАИВАЧИТЕ НА АТЛЕТИКО ГО ОБЕСИЈА ВИНИЦИУС
Објавено на: 26.01.2023
Оние кои го симпатизираат посиромашниот клуб од шпанската престолнина, не само што не го сакаат побогатиот, туку и го мразат од дното на душата. Така било од почетокот на оваа прекрасна игра, така и ќе остане до крајот на постоењето на фудбалот.

Навивачите на Атлетико Мадрид го „обесија“ Винициус Јуниор, непосредно пред мечот од 1/4 финалето во шпанскиот Куп на Кралот, кој ќе се одигра на стадионот Ванда Метрополитано во Мадрид. Над куклата беше обесен и натписот: „Мадрид го мрази Реал“.

Бразилскиот напаѓач беше цел на вербални напади од страна на навивачите на црвено-белата мадридска екипа и на почетокот на сезоната. Ривалитетот меѓу овие два клуба оди до корените на општествените случувања, а фудбалот е само вентил на експресија.