TOJ НЕ Е НУЊЕЗ
Објавено на: 28.12.2022
Халанд постигна два гола на гостувањето кај Лидс за 0:2 и за 0:3, во рамките на продолжената Боксинг деј програма, односно 15-то коло во англиското фудбалско првенство.
Со овие три бода по победата од 1:3, Сити се враќа на втората позиција на табелата во Премиерлигата, со освоени 35 бода, со 11 победи и по две одиграни реми и загубени средби.

Машината за голови постигна 20 погодоци на 15 средби, со што е лидер на табелата кај стрелците. Зад него ее Хари Кејн со 13 гола, Иван Тони од Брентфорд е трет со 11 и Митровиќ од Фулам со 10, кој ги заокружува двоцифрените голгетери.
Халанд не е Нуњез, нели?