КОГА ЌЕ ГО СРЕТНЕШ ФУДБАЛСКИОТ БОГ: СИТЕ САКААТ ДА НАПРАВАТ ИМЕ НА НЕГОВ ГРБ
Објавено на: 08.12.2022
Откако ќе ни покажат како, потоа е многу полесно, да знаеш како, па дури и да станеш подобар од тој што ти покажува. Затоа, гордоста на секој професор треба да бидат неговите ученици кои би биле подобри луѓе од него. Затоа, гордост и чест на секој еден жив човек, е да го сретне својот идол, а нему треба да му биде чест што е модел за многу генерации.
Околу Кристијано Роналдо се крева монсунска прашина со досега невидени пропорции, без разлика дали конотацијата е позитивна или негативна. Сите сакаат да бидат видени или да направат име крај португалскиот ас – децата да го допрат, соиграчите да играат со него, тренерот да го предводи или да биде строг кон него, медиумите да го најдат моментот што други нема да го видат.

Целта на сите е една и единствена – човекот кој почнал од нула, а станал легенда која се уште е жива, е најдобрата и најлесната „мета“. Моментот да се стигне таму каде што е Роналдо, е пеколно тежок. Тој е еден од ретките милијардери во спортот, а тоа не може да биде случајно, во никој случај. Прашањето на денот е долго и звучи вака:
– Дали јавноста доволно го цени Кристијано Роналдо?
– Дали јавноста ја зема в предвид жртвата која ја платил напаѓачот?
– Дали јавноста знае дека тој не може да излезе на улица, без да биде следен од река луѓе?
– Дали јавноста досега видела фигура и карактер како него?

Преведено, или дообјаснето, би звучело вака:
– Децата трчаат кон него, да го допрат или да се поздрават. Погледнете ги нивните рачиња на сликата подолу.
– Соиграчите уживаат во неговите мајстории и знаат дека кога е најпотребно, тој ќе го реши мечот. Погледнете ги нивните лица на сликата подолу.
– Тренерите и селекторите се сигурни кога го имаат на теренот, затоа што знаат каков фудбалски убиец е Роналдо.
– Има и такви, кои сакаат да го дисциплинираат, со цел да си направат своја легенда, но тоа не оди баш така.
– Репортерите и папараците чекаат момент, збор, потег, за да распалат по сите медиумски платформи и не ги интересираат реперкусиите што тоа би ги имало врз животот на поединката, или популацијата.

Ние прашуваме:
Треба ли Роналдо да игра на актуелното СП и да му се дозволи гордо да го изоди последниот аџилак во дресот на својата репрезентација, на која и го посвети својот живот?