Фудбал

ЕВРОПСКИТЕ СЕЛЕКЦИИ БИ БИЛЕ СЛАБИ БЕЗ АФРИКАНСКИ ИГРАЧИ?

Ријад Марез е роден и израснат во Франција, но реши да настапува за матичната земја и ги брани боите на Алжир. Ашраф Хакими е роден и израснат во Шпанија, но реши да игра за матичната земја и да ги брани боите на Мароко.

Се појави една анализа на социјалните медиуми, од еден реномиран медиум, која вели „Ако сите африкански фудбалери го сторат истото, како би изгледале европските фудбалски репрезентации“? Тука, во терминот африкански, треба да внимаваме не само на потеклото, туку и на чувствата на индивидуите.

Државјанство на една држава, според современото право, се добива на неколку начини – првиот начин е според крвно срдоство, а вториот начин е според земјата во која еден човек е роден, во зависност од законите на таа земја. Третиот начин, е натурализација.

Дали европските земји, особено развиените ги користат актуелните економски и социјални состојби со цел да создадат посилни репрезентации, или едноставно тоа е модерниот начин на живот кој треба да го сфатиме и прифатиме како таков?