ДАЛИ ГОЛМАН ЌЕ БИДЕ НАЈДОБРИОТ НА СП 2022?
Објавено на: 07.12.2022
Игра за Севиља, таму дојде во 2020-та година, претходно играше за Казабланка, Атлетико Мадрид Б, Атлетико Мадрид, Сарагоса и Џирона. Прво беше позајмен на една година, па потоа потпиша договор. Ја оправда довербата, ќе успеат ли да го задржат?
Јасин Буну беше спектакуларен на голот на Мароко во пенал рулетот против Шпанија, што беше првото големо изненадување на 22-то светско фудбалско првенство кое се игра во Катар. Има 31-на година, роден е во Канада, од 2011-та е член на мароканските селекции.

Заедно со хрватскиот Доминик Ливаковиќ, овие двајца голмани се најистакнатите фигури на мундијалот на Блискиот Исток, не земајќи ги в предвид головите на Килијан Мбапе и моменумот на Лионел Меси. Учиноците на чуварите на мрежата ги надминуваат достигнувањата на ѕвездите на ПСЖ, а освојувањето на трофејот не е пресудно за наградата најдобар играч на едно СП.

Ако дотуркаат далеку, ако случајно ја освојат титулата Хрватска или Мароко, дали ќе видиме уште еден куриозитет – голман прогласен за најдобар играч на едно СП? Скилачи во 90-та, Роналдо 98-та, Зидан 2006-та, Форлан 2010-та, Меси 2014-та и Модриќ во 2018-та беа прогласени за најдобри (категорија која се брои од 1982-та), без пехарот во рацете.

Прв и последен пат, најдобриот играч беше голман во името на Оливер Кан 2002-та иако Германија ја загуби титулата со 2:0 во финалето, по една грешка на германскиот чувар на мрежата кој ја донесе неговата селекција во последниот меч, но воедно и беше виновен за еден од тие два примени гола. Може ли да се повтори историјата?