Фудбал

САМУЕЛ ЕТО НОКАУТИРА ЕДНО МЛАДО МОМЧЕ КОЕ ГО СНИМАШЕ

Поранешниот фудбалер кој се прослави во Барселона и во Интер, имаше свое кик-бокс шоу пред мечот меѓу репрезентациите на Бразил и Јужна Кореа, кој заврши со убедлива победа 4:1 за Кариоките.

Понесен од моментот, поранешниот камерунски фудбалер во капоера-стил му удри колено во главата на еден млад човек, кој го снимаше додека Ето се движеше со пријателите:

Што му дофрли, кое е момчето што снимаше, зошто Ето го нападна – се прашања на кои се уште нема одговор. Но, коленото беше прецизно, мора да признаеме. Да видиме сега колку ќе го чини тоа по џебот…