Фудбал

ТАНЦУВАНЈЕТО НА БРАЗИЛЦИТЕ БИЛО ПОТЦЕНУВАЊЕ НА ПРОТИВНИКОТ?

Доаѓа селекција на светското првенство, која едвај чекаш да ја гледаш поради убавината на фудбалот и поради различната култура од сите останати нации кои настапуваат на мундијалот.

Истата таа селекција, прави парче во групната фаза и особено во првиот елиминациски натпревар, а тогаш еден од најголемите џелати на фудбалот, кој е во улога на стручен коментатор, вели дека танцот по секој постигнат гол бил потценување на противникот:

Водат со 4:0 и танцуваат. Тоа е понижување, непотребно е на терените. – изјави Рој Кин.

Во право е ирскиот репрезентативец или „старецот“ Тите на чело на четата од која извира фудбалска магија? Што велите вие?