ДАДЕ ГОЛ ОД ПЕНАЛ, ОСТРОВСКИТЕ МЕДИУМИ ГО ВЕЛИЧААТ – НАЈДОБРИОТ БРИТАНСКИ ИГРАЧ ВО ИСТОРИЈАТА?
Објавено на: 21.11.2022
Герет Бејл го постигна изедначувачкиот гол во минутите пред крајот (82′) на мечот меѓу селекциите на САД и Велс, откако Американците поведоа преку Тим Веа во првата фаза (36′) од средбата.
Трката за втората позиција до крајот во групата Б, ќе се сведе на тоа која од овие две репрезентации ќе постигне повеќе голови против Иран, односно ќе прими помалку од Англија.

Со првиот гол за Велс на светските првенства по 64 години, дел од медиумите на Островот веќе го потенцираат Велшанецот Герет Бејл како најдобриот Британец на сите времиња.
Се согласувате?