Фудбал

КАКО СТОЛЕ ДИМИТРИЕВСКИ МУ ГО ПОБАРАЛ ЕЛЕЧЕТО НА АНЧЕЛОТИ? (ВИДЕО)

Во најновата емисија од подкаст шоуто на Златко Калински во која гостува голманот на македонската репрезентација, Калински го запрашува Столе Димитириевски дали е точно дека го побарал елечето на Анчелоти по натпреварот со Реал Мадрид?

Голманот на Рајо, ја објасни случката, но иако Италијанецот бил нервозен по неуспехот против градскиот ривал, сепак се согласил на подарок да му го даде неговиот „заштитен знак“.