НА ЧЕЛСИ МУ НЕДОСТАСУВА ТУХЕЛ?
Објавено на: 12.11.2022
Челси загуби од Њукасл со 1:0. Екипата од Северен Лондон врза три порази во низа. На последните 10 натпревари, има скор 4 победи, 2 реми средби и 4 порази.

Актуелниот стратег на сините нема ништо подобар резултат, од оној поради кој германскиот тренер беше отпуштен. Греем Потер има 13 меча зад себе, со седум победи, три порази и три нерешени меча. Процентот на реализација му е 54%.

Во 100 дуели колку што ги предводеше играчите на Челси, со кои ја освои Лигата на шампионите, Томас Тухел имаше 60% реализација, односно 60/24/16.

Подобар процент од него, со 100 или повеќе натпревари, во новата ера гледано наназад имаат Конте (106, 65%), Анчелоти (109, 61%) и Мурињо (185, 67%).

Прашањето е зошто Челси го отпушти Тухел? Со Тухел, Челси имаше идентитет, кој сега го нема. Требаше ли раководството да покаже малку повеќе трпение?