Фудбал

НАВИВАЧИТЕ НА ГАНА ВО ИНВАЗИЈА НА КАТАР

Навивачите на репрезентацијата на Гана се веќе во Катар, каде ќе го очекуваат стартот на претстојното светско фудбалско првенство. Нивната селекција игра во групата Х со Португалија, Уругвај и Јужна Кореа.

Ова е една од најнепредвидливите групи со оглед на тоа дека нема силни фаворити, освен Португалија која ќе биде инспирација за останатите репрезентации. Уругвај има добра селекција, но не се наоѓа во редот на најдобрите светски репрезентации, според предвидувањата.

Ова е трето учество на оваа репрезентација на светските првенства. Првото беше во 2006-та година, кога Гана стигна до Топ 16 фазата и на крајот го освои 13-то место.

Второто беше 2010-та година кога играше чекор понапред, во четвртфиналето и го освои 7-то место. Третото учество беше 2014-та година кога имаше најслаб пласман, на 25-та позиција.

Еве го распоредот на Гана:

Португалија – Гана (24.11.)
Јужна Кореа – Гана (28.11.)
Гана – Уругвај (02.12.)

Како ќе помине една од најсилните африкански фудбалски нации, на претстојното СП во Катар?