Фудбал

УТРЕ ИЗЛЕГУВА ФИЛМОТ ЗА КОРУПЦИЈАТА ВО ФИФА

Сеп Блатер и Мишел Платини беа инволвирани во корупциски скандал додека двајцата беа функционери на ФИФА во своите мандати. На крајот на процесот, фудбалските работници беа ослободени од обвиненијата.

Најголема прашина се крена околу доделувањето на светското фудбалско првенство на Катар, потег за кој се вели дека бил пропратен со милионски суми што завршиле во нечии џебови.

Дури се споменува и вмешаност на францускиот претседател Саркози, кој пред 10 години наводно лобирал СП да и биде доделено на оваа земја од Блискиот исток.

Утре ќе излезе филмот кој се осврнува на корупцијата во рамките на светската куќа на фудбалот, на платформата Нетфликс. Што ли ќе содржи во себе ова филмско дело?