УШТЕ НЕСОСТАВЕНИ, НЕТС СЕ РАСПАЃААТ?
Објавено на: 08.11.2022
Франшизата од Бруклин се соочува со сериозна криза, играчка и раководна, поради последните случувања околу тимот. Состојбата во ростерот, секако ќе се одрази и на резултатите сезонава, кои воопшто не се онакви какви што се очекуваше кога беше создавана ѕвездената екипа.

Кајри Ирвинг е суспендиран на 5 натпревари, откако одби да се извини за антисемитскиот пост. Тој потоа се извини, го избриша твитот и (ќе) плати парична казна во донација, но се уште останува замрзнат додека неговиот клуб не реши да го врати во првиот тим.

Тренерот Стив Неш, кој требаше да биде новиот креатор на нова шампионска екипа, беше отпуштен од страна на Бруклин нетс, кога видоа дека ниема ништо од резултатите кои ги очекуваа. Кој е следен во низата? Дали, по сето ова, Кевин Дјурант ќе каже – доста беше?
Сагата продолжува…