Фудбал

ПСЖ ГИ ЧУВА ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ЅВЕЗДИ

Пари Сен Жермен работи на продолжување на соработката со дел од своите најважни фудбалери, а во фокусот на вниманието се носителот на „Златната топка“, Осман Дембеле, и грузиската ѕвезда Хвича Кварацхелија.

Според информациите, Дембеле е на чекор до потпишување нов договор со францускиот гигант, кој би го задржал на „Паркот на принцовите“ до 2030 година.

Кварацхелија, пак, разговара за продолжување на актуелниот договор до 2031 година, што би претставувало долгорочна гаранција за иднината на грузискиот репрезентативец во Париз.

Францускиот клуб стапил во контакт и со 21-годишниот напаѓач Дезире Дуe, но преговорите со него засега се во неофицијална фаза.

Дембеле моментно има договор со ПСЖ до летото 2028 година, додека актуелната соработка на Кварацхелија истекува во 2029 година. Дуе, пак, е обврзан со клубот до 30 јуни 2029 година.