ЈАМАЛ СО ЗРЕЛ СТАВ ОКОЛУ РАСИЗМОТ
Објавено на: 18.09.2026
Ѕвездата на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, зборуваше за својот став кон расизмот и покажа зрелост, иако не му е сеедно кога има такви непријатни ситуации.
Дали сум се сретнал со расизам? Да, илјада пати. Луѓето можат да бидат индиректно расисти, а дури и да не го сфатат тоа. Пораснав на место каде што се навикнуваш на тоа. Не во смисла дека го прифаќаш, бидејќи не можеш да прифатиш погрешни работи, но тоа не ме загрижува. Ако некој ме нарече црнец, тоа воопшто нема да ме вознемири. Јас сум црнец, тоа е бојата на мојата кожа. Друга работа е ако некој го каже тоа намерно за да ме навреди. Секако, тогаш тоа е веќе погрешно, вели Јамал.