Фудбал

КЕРИК ПРЕД ОТКАЗ: МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ВЕЌЕ БАРА НОВ ТРЕНЕР?

Мајкл Керик се најде во исклучително тешка ситуација и сериозно му се тресе клупата на Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ доживеаја нов шокантен пораз, откако на „Олд Трафорд“ испуштија предност од 2-0 против Брајтон и на крајот загубија со 2-3, со што беа елиминирани од Лига купот.

Начинот на кој Јунајтед го прокоцка натпреварот дополнително го зголеми притисокот врз Керик. Тимот имаше идеален старт, но наместо рутински да ја приведе средбата до крај, дозволи целосен пресврт и уште еднаш ги разочара своите навивачи.

По последниот свиреж, „Олд Трафорд“ одекнуваше од свирежи, а голем број навивачи останаа на трибините за да го искажат револтот. На социјалните мрежи, пак, веднаш започнаа барањата за промена на тренерот.

Керик по натпреварот ја презеде целосната одговорност за поразот, признавајќи дека она што се случило во второто полувреме е недозволиво.

Но, прашањето сега е дали тоа ќе биде доволно за да ја задржи функцијата.

Во Манчестер веќе се зголемува притисокот врз раководството да реагира, а како можни наследници се споменуваат неколку звучни имиња. Меѓу нив е Антонио Конте, додека дел од навивачите како посакувано решение го гледаат и Јулијан Нагелсман.

Особено внимание привлекува фактот што Нагелсман моментално е без клуб. Германецот има репутација на тренер кој преферира модерен и тактички разновиден фудбал, па неговото име веднаш се појави во шпекулациите околу „Олд Трафорд“.

Сепак, пред какви било промени, Керик ќе добие уште една можност да ја поправи ситуацијата.

Манчестер јунајтед во недела го очекува првенствен натпревар против Фулам, а по елиминацијата од Лига купот тој дуел доаѓа во исклучително незгоден момент за англискиот стратег.