Фудбал

МАЛДИНИ ИМА ЏОКЕР ЗА ЗАНИОЛО

Во последниве 4 години, Милан скоро и да нема промашување кога станува збор за играчите. Најновата желба на росонерите е Николо Заниоло од Рома, за кого ќе бидат понудени пари и Анте Ребиќ. Хрватскиот интернационалец би требало да е мамката за Жозе Мурињо, кој би добил финансиски средства плус играч да ја пополни празнината во екипата.

Милан наликува на сериозна организација, по седнувањето на Паоло Малдини во директорската фотеља. Некогашниот фудбалски ас, го користи сето свое знаење и умеење што го стекна на зелениот терен, да воспостави современ и квалитетен сиситем на однесување во рамките на колективот.

Милан испраќа јасни сигнали дека сака да создаде екипа со италијански костур, нешто што беше модел по кој се водеше Силвио Берлускони. Своевремено, тој ги купуваше сите квалитетни италијански фудбалери на пазарот, кои добиваа исто толку квалиттени и проверени странски засилувања.