Фудбал

ЗНАЕТЕ ЛИ КОЛКУ БИЛЕТИ ЌЕ ДОБИЕМЕ ЗА БАРАЖОТ?

На 24-ти март следната година, нашата фудбалска селекција ќе гостува во Палермо против актуелниот европски првак Италија, во првиот бараж натпревар за пласман на следното светско првенство кое ќе се игра во Катар 2022.

Ако победиме во полуфиналето, одиме во финалето каде патува и победникот од мечот меѓу Португалија и Турција кој ќе се одигра на Драгао. Италијанците и Португалците се носители и играат на домашен терен во оваа група.

Нашата фудбалска федерација доби 1.300 билети за мечот на стадионот Ренцо Барбера, што е 5% од вкупниот капацитет. Ќе има ли поддршка нашата репрезентација на гостувањето во Италија, каде се бориме за нова наша фудбалска историја?