НБА ИГРАЧИТЕ АНОНИМНО ГЛАСАЛЕ ЗА ДЈУРАНТ, ПРЕД ЛЕБРОН?
Објавено на: 16.12.2021
Американскиот магазин Атлетик анонимно спровел испитување меѓу 100 од активните играчи кои настапуваат во најквалитетната кошаркарска лига на светот и тие во најголем број гласале за Кевин Дјурант, пред Леброн Џејмс.
Според објавата, еве како изгледа процентот на гласачите:
Кевин Дјурант – 42.2%
Леброн Џејмс – 31.6%
Јанис Адетокумбо – 13.6%
Дјурант води според бројот на постигнати поени во НБА со 29.4 по натпревар, а Јанис има 27.3 поени по натпревар. Се сложувате со гласањето?