Ракомет

ЗАВРШИ ШЕСТГОДИШНАТА МАГИЧНА ПРИКАЗНА

Ракометниот шампион на Македонија, првпат во последниве седум сезони, сопре во Топ 16 фазата. Двете титули освоени во 2019-та и 2019-та остануваат златни идеограми на македонскиот клупски ракомет, кои ќе почекаат подобри времиња за да бидат повторени и покрај нив да биде допишан уште некој од ист калибар.

Џелатот сезонава беше екипата на Веспрем, во која блика вардарова крв, од генерациите кои ја изгореа Европа. Дури деветмина играчи и членови на останатите структури на црвено-црните се преселија во унгарскиот град, продолжувајќи ги блескавите кариери кои доживеаја кулминација во боите на скопската гордост.

Унгарците немаа милост и со сигурни 39:30/27:41 покажаа какви им се аспирациите сезонава и колку беа приморани да одиграат на максималното можно ниво, за д ане дозволат реприза на епските пресврти кои знаеше да ги приреди македонската ракометна чета, која не познава(ше) фаворити или однапред скроени резултати.

https://www.youtube.com/watch?v=3Mt07kwPJCI&ab_channel=HandballNation

Веспрем продолжува во следната елиминациска фаза во Лигата на ракометните шампиони, а вадрар ќе се концентрира на домашните натпреварувања, каде има обврска да ја потврди улогата на апсолутен фаворит за освојување на трофеите во првенството и во Купот на Македонија. Среќно, Веспрем… но и среќно, Вардар!