Фудбал

ЗАМИСЛЕТЕ ГИ ВАКА ИГРАЧИТЕ НА РЕАЛ И БАРСА?

Најголемото актуелно англиско фудбалско дерби се мечевите меѓу Ливерпул и Манчестер Сити. Последниот натпревар заврши 2:2, шампионот Сити има бод предност на табелата во трката на „два коња“, за титулата оваа сезона.

По завршувањетео на мечот, Ван Дајк од Ливерпул и Де Брујне од Сити се прегрнаа и зборуваа на некоја тема, а во изјавата за медиумите, играчот на сините рече:

Се познаваме добро. Се гледаме често. Нашите деца одат во исто училиште. Тоа беше само пријателски разговор. – се зборовите на белгискиот репрезентативец.

Можете да ги замислите во ваква улога играчите на Реал Мадрид и Барселона?