Фудбал

ЧЕЛСИ БЕЗ ЛУКАКУ ВО МАДРИД

Најскапото засилување за Челси во историјата нема да биде во тимот кој патува денес за Мадрид, каде утре се игра реваншот од четвртфиналниот дуел.

Според тренерот Томас Тухел, белгискиот напаѓач чувствувал „голема болка“ и поради тоа нема да биде во комбинација. Изненадува фактот што за неговото непатување нема други информации за каква повреда станува збор, а германскиот стратег не даде дополнително објаснување исто така.

Неговото непатување дополнителни ги подгрева информациите и шпекулациите за кавгата со тренерот Тухел, кој се помалку смета на неговите услуги. Лукаку јавно неколку пати изјави дека не е во добри односи пред се со тренерот, а медиумите на големо најавуваат негово враќање во Интер летово.

Тој до сега има постигнато само 7 гола за сините од Лондон во Премиер лигата и Лигата на шампионите.