ПСЖ ГО БРКА ОБАМЕЈАНГ ОД ЧЕЛСИ
Објавено на: 07.10.2022
Според еден реномиран европски медиум за фудбал, француската екипа сериозно е заинтересирана да го ангажира фудбалерот на Челси, кој на Стенфорд бриџ дојде од Арсенал, преку Барселона. Преговорите се загреани, особено по двата последни натпревара на Челси.

На Пјер-Ерик Обамејанг му беше потребно време да се адаптира при враќањето во Лондон, но по натпреварот против Милан на сите им е јасно за каков фудбалер станува збор и дека тој не заборавил да игра фудбал. Обамејанг постигна гол и против Кристал Палас.

Нереално е да се очекува трансферот да се случи во текот на јануарскиот преоден рок, но ПСЖ е во напредни преговори за ангажман на играчот во рамките на следниот летен трансфер-прозорец. Најважно за целата ситуација, е што таргетот сака да замине за Париз.