ШОКАНТНО: ЗА 2 ГОДИНИ СМЕ ГИ ПОБЕДИЛЕ САМО МАЛТА И ГИБРАЛТАР
Објавено на: 08.09.2024
По ремито против Фарски Острови, се погласни се негодувањата од работата на раководството на ФФМ и стручниот штаб на А репрезентацијата предводен од селекторот Благоја Милевски.
За да имате причина „ЗА“ или „ПРОТИВ“ сепак мора да се „прелистаат“ претходните натпревари на македонската репрезентација за да се види учиноко. Па така доколку ги тргнеме настрана пријателските натпревари и ги земеме само официјалните натпревари односно квалификации за Европско и Лига на нациите, тогаш доаѓаме до фактот дека Македонија во изминатите речиси две години има само победа против Малта и Гибралтар.
Ги набројуваме натпреварите по редослед, почнувајќи од оној вчерашниот.
-
Фарски Острови vs Македонија (1:1)
-
Македонија vs Англија (1:1)
-
Италија vs Македонија (5:2)
-
Украина vs Македонија (2:0)
-
Малта vs Македонија (0:2)
-
Македонија vs Италија (1:1)
-
Англија vs Македонија (7:0)
-
Македонија vs Украина (2:2)
-
Македонија vs Малта (2:1)
-
Македонија vs Бугарија (1:0)
-
Грузија vs Македонија (2:0)
-
Македонија vs Гибралтар (4:0)
-
Македонија vs Грузија (0:3)
-
Гибралтар vs Македонија (0:2)
-
Бугарија vs Македонија (1:1)
И секако, поразот со Португалија во баражот за Светското првенство, но таму нијанси одлучуваа во второто полувреме и неискуството си го направи своето.
Последната голема победа е онаа против Италија во Палермо, кога Благоја Милевски го имаше стартот од соништата, совладувајќи ги претходно и Исланд, Ерменија, а загубивме од Германија во Скопје, додека претходно имавме неколку нерешени натпревари.
Дали е време за промени?