ГЕРМАНСКИОТ АС ПРЕД ПОТПИС СО НОВИОТ ШАМПИОН, РЕАЛ И СИТИ ИЗВИСИЈА
Објавено на: 30.04.2025
Баерн Минхен по сите изгледи победи во трката за потписот на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, откако повеќе медиуми објавија дека германскиот ас му кажа „да“ на новиот шампион во Бундеслигата.
Реал и Сити извисија, иако беа многу загреани за Вирц и беа подготвени да понудат над 100 милиони евра. Сепак, Баварците ќе го добијат офанзивниот плејмејкер кој воедно е и лидер на германската фудбалска репрезентација, а изминативе две сезони беше главна ѕвезда на Фармацевтите кои ги предводи Чаби Алонсо.
Останува само Баерн да ги договори условите за трансферот, односно на кој начин ќе го исплати Леверкузен за Вирц да го облече дресот на најуспешниот германски клуб.