ТИПУВАМЕ

ВОНРЕДЕН ТИКЕТ НА КОЛОТО

Бидејќи викендов има вонредно коло во Италија и Германија, а Англичаните посекако ги има во Куп, подготвив нов тикет на колото со кој се надевам дека ќе бидеме добитни конечно и за прв пат во 2026.

Одбрав 6 пара, а еве и мало образложение зошто баш нив и зошто таа игра.

ЊУКАСЛ vs СИТИ: ГГ

Сити гостува на Сент Џејмс Парк, а Њукасл секогаш е „како во транс“ кога игра на домашен терен. Ова е прв дуел, ќе има и реванш, па затоа очекувамеЊукасл да тргне по голот на Донарума посериозно, а таквото отварање да значи и поголема можност за гостите да пробијат по контри или со поотворена игра.

ЧЕЛСИ vs АРСЕНАЛ: 1П 0-2 и 2П 1-3

Очекувам тесно лондонско дерби. Домаќините претпазливо да тргнат со новиот тренер, додека гостите и не се така познати по отворен фудбал во дерби дуели. Затоа не верувам дека ќе има многу голови и оваа игра која ја има во Златна Копачка е мојот избор за колото.

НАПОЛИ vs ПАРМА

Коефициентот за 1 не ми е примамлив, па затоа ќе одиграме похрабро дека ќе има гол во прво и гол во второ на дуелот помеѓу Наполи и Парма. Домашните мора да притиснат уште од старт, бидејќи ги чека густ распоред и што побрзо треба да „одморат“ главните играчи, а бодовите им се битни за да го стигнат лидерот Интер.

КОМО vs МИЛАН

Ново тешко гостување за Милан, кој овој пат гостува кај Комо. Претходниот викенд погодив дека ќе има ГГ против Фиорентина, па ја продолжувам истата серија.

ХАМБУРГЕР vs ЛЕВЕРКУЗЕН

Очекувам голови на овој дуел, особено што гостите се разиграа во последно време, а Хамбургер дома е екипа која не се плаши да нападне. Сепак, типувам дека головите ќе бидат во второ па затоа играм 2+ во второ.

ИНТЕР vs ЛЕЧЕ

За да ја задржи предноста пред Милан и Наполи, Интер мора да обезбеди бодови против Лече, па затоа овде играм 1-1 и 2+ за поголем коефициент, бидејќи мислам дека нероаѕурите ќе го искористат лесниот распоред во следниот период и ќе фатат нова серија на победи.