Фудбал

ВО ТЕН ХАГ ВЕРУВААТ – 2 МЕЧА, 2 ПОБЕДИ, 9 ГОЛА

Под водство на новиот тренер, Ерик Тен Хаг, Манчестер Јунајтед одигра два натпревара, оствари две победи и постигна 9 гола, со еден освоен „трофеј“ (за победата против Ливерпул на турнејата во Бангкок) кој и не треба да се брои затоа што станува збор за претсезонски натпревари.

Едно од прашањата кои се наметнуваат, е дали фановите и особено управата на црвените ѓаволи треба да е расположена со овие резултати, на претсезонски средби кои не значат ништо? Тешко е да се верува дека Јунајтед, ќе може да го совлада Ливерпул со 4:1 во рамккте на Премиерлигата.

Другото прашање е дали фановите очекуваат премногу од Манчестер Јунајтед? По заминувањето на Сер Алекс Фергусон во пензија, единствениот кој им носеше трофеи беше Жозе Мурињо, но и тој имаше проблеми на работното место. Лечеше играчи од психолошки проблеми, се справуваше со управа без компас, му дишеа во вратот навивачи желни за успеси.

Една реченица на тренерот на „црвените“ Јурген Клоп, запрашан од еден млад навивач на Јунајтед на тема трофеи, е најточното отсликување на ситуацијата во редовите на тимот од Олд Трафорд: „Никогаш ништо нема да биде вечно, или исто“. Тоа важеше за династијата Ливерпул, сега важи за империјата Јунајтед.

Дали Манчестер Јунајтед е во поволна ситуација, или ова е само блиц-криг под палката на новиот стратег?