ПРОДАЖБАТА НА МИЛАН Е СТОПИРАНА, УЕФА БИ МОЖЕЛА ДА САНКЦИОНИРА?
Објавено на: 15.07.2022
Перипетиите околу продажбата на Милан не престануваат откако RedBird Capital обзнани дека го превзема Милан од Елиот групацијата по цена од 1.2 милијарди евра.
Судот во САД им дале право на групацијата Blue Sky која има 4,27% удел во сопственоста на Project RedBlack кој пак контролира 100% од Rossoneri Sport Investment, кој има 99,93 од сопственоста на Милан да ја блокира продажбата, откако тие ја обвиниле групацијата Елиот (главен акционер во Rossoneri Sport Investment) дека не биле вклучени во процесот на продажба на клубот.
Оваа група не се согласни по условите кои Елиот го продава клубот на RedBird капитал, зделка која беше обзнанета летово. Италијанските медиуми денес објавија дека на 5 Јули, судот во Менхетен ја потврдил жалбата на Blue Sky и со тоа процесот на превземање на Милан во моментов се стопира, што значи дека групацијата Елиот ќе продолжи да биде сопственик на тимот од Милано се додека не се разреши ситуацијата.
Ваквиот расплет на околностите ги отежнува трансфер активностите на Милан, кои и понатаму се под „палката“ на Елиот инвестицискиот фонд, кој очигледно не планира огромни суми за трансфери.
За ситуацијата уште повеќе да „експлодира“ по ваквиот расплет од Њујорк, италијанските медиуми објавија дека сознанијата обзнанети од судот во САД сериозно ги разгледува европската куќа на фудбалот. Според нив, УЕФА отворила истрага во која се осомничени дел од сопствениците, инвестициски фондови кои има дел од правен ентитет кој има контрола врз два клуба и тоа Милан и Лил од Франција. За работите да бидат покомплицирани за росонерите, Милан и Лил имаа неколку трансфери направено меѓусебно, што би можело дополнително да има санкции за двата клуба, бидејќи претходната сезона и двата беа дел од Лигата на шампионите.