Фудбал

КОЈ Е НАЈДОБРИОТ ТРЕНЕР НА СВЕТОТ?

Има уште точно 10 дена до изборот на ФИФА, на церемонијата во седиштето на светската куќа на фудбалот кое се наоѓа во Цирих, кога ќе биде прогласен најдобриот тренер за изминатата година. Датумот е 17-ти јануари.

Гласаа сите селектори, сите капитени, по еден новинар од секоја земја која има национален тим под капата на ФИФА и фановите кои можеа да ги дадат гласовите на порталот на ФИФА, со web-адреса fifa.com.

Финалисти се Томас Тухел кој со Челси ја освои Лигата на шампионите против Сити, Пеп Гвардиола кој беше шампион на Англија со Сити и Роберто Манчини кој стана европски првак со Италија против Англија.