Фудбал

ВЛЕЗЕ ТОЈ И ВО СКОПЈЕ, НЕМАШЕ МНОГУ ВРЕМЕ ДА ГО ЗАПОЗНАЕМЕ

Флориан Вирц (18) е роден 2003-та година, игра на позициите на кои најмногу се покажува креативноста на еден фудбалер, а тоа е средниот ред.

Немаше многу време да го запознаеме на мечот во Скопје, кој го загубивме со 0:4 од Германците, но еве негово кратко резиме во досегашниот дел од сезоната:

Бундеслига

Екипа: Бајер Леверкузен
Настапи: 3 (септември)
Голови: 3
Асистенции: 2
Признание: Играч на месецот

Сите натпреварувања

Настапи: 7
Голови: 5
Асистенции: 3

Вирц влезе на квалификацискиот меч на арената „Тодор Проески“ во 61-та минута на местото на Горецка, асистираше за вториот гол на Вернер во 73-та минута.

Германија се пласира на СП 2022 токму во Скопје, а ние, го видовме ли новиот германски мегаталент?