Фудбал

ВИНИЦИУС ЈА ОДБИ 7-КАТА, САКА СВОЕ НАСЛЕДСТВО

Бразилскиот интернационалец ја одбил понудата на Кралскиот клуб, на крајот на сезоната да го преземе дресот со бројот 7, кој е легендарен во Реал Мадрид. Сака да продолжи да игра со бројот 20, кој го носи уште од деновите во Фламенго.

ЕСПН пренесува дека управата сакала да го оживее бројот кој во минатото беше магичен за Реал, кој го носеа Емилио Бутрагењо, Раул Гонзалез и Кристијано Роналдо. По португалскиот ас, Еден Азар и Мариано Диаз не ги оправдаа очекувањата.

Исправен или „чаталџиски“ потег на Винициус?