МЕСИ СЕПАК ЌЕ ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА ВО КЛУБОТ ОД ДЕТСТВОТО?
Објавено на: 27.09.2024
Лионел Меси нема да го дочека Мундијалот 2026 во САД, според најавите на неколку шпански медиуми.
Имено, неговиот договор со Интер Мајами завршува на крајот од 2025 година и се чини дека Лео сепак ќе си го исполни сонот кариерата да ја заврши во клубот од детството, Њуелс Олд Бојс.
Намерата на Меси е да се врати во Аргентина штом му заврши соработката со клубот од МЛС и последните мигови од професионалната кариера да ги помине во Њуелс.
Кога потпишуваше за Мајами, претпоставките беа дека одлуката да се пресели во САД е за да се подготвува за Светското првенство кое ќе се одржи таму за две години отсега.