Фудбал

ВЕРНОСТ ВРЕДНА МИЛИЈАРДА ЕДНА

Пари Сен Жермен му понудил на Килијан Мбапе 10-годишен договор од 1 милијарда евра (1,11 милијарди долари) за продолжување на актуелната соработка, според Defensa Central.

Доколку биде прифатена понудава, од 24-годишниот играч кој моментално е поврзан со потенцијална преселба во Реал Мадрид – тој ќе биде најплатениот спортист на сите времиња. Французинот има големи шанси да биде на врвот на листата на Форбс, за најплатени спортисти на светот секоја година, во догледна иднина.

Мбапе беше многу блиску до приклучување кон гигантот од Ла Лига пред минатата сезона, бидејќи петгодишните услови што ги договори при пристигнувањето од Монако во 2017 година, се ближеа до истекување, но ПСЖ фрла атомска бомба во фудбалот и спортот.