Фудбал

НИШТО ОД ГВАРДИОЛ ВО СИТИ?

Јошко Гвардиол веќе требаше да биде претставен како нов играч на Манчестер Сити. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо со денови пишуваше дека Лајпциг ги завршил сите преговори со Сити и ја прифатил понуда од 100 милиони евра за хрватскиот дефанзивец.

Но, една поинаква, дијаметрално спротивна приказна доаѓа од Германија.

Нема договор. Ниту блиску.

Ова се зборовите на спортскиот директор Макс Еберл, на новинарско прашање за можниот трансфер на Гвардиол. Тој само ги потврди индициите на германски Скај Спортс, кој пишува дека репрезентативецот на коцкестите засега останува во германската лига.

Истото го изјави и тренерот на Гвардиол, Марко Росе.

Колку што знам, Јошко Гвардиол е наш играч. И тој ќе остане еден од нашите играчи. Не знам ништо за ниту еден лекарски преглед. Ништо за првиот или вториот медицински. Верувајте ми, како тренер, би знаел такви работи.

Каде ќе заврши Гвардиол?