ВАН БАСТЕН И ОДГОВОРИ НА КАМИЛА КАБЕЉО
Објавено на: 31.05.2022
Популарната пејачка беше задолжена за настапот пред почетокот на последното издание на финалето во Лигата на шампионите, но според нејзините коментари, Камила Кабељо е незадоволна од приемот на публиката:
Не можам да сфатам како може навивачите да пеат химни на нивните клубови, додека ние сме на сцената.
Сме се подготвувале напорно за настапот, никој не го цени тоа.
Одговорот на оваа констатација на пејачката, стигна од еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа игра, кој иако не беше директен, сепак е најсоодветен како реплика на ваквиот став на Кабељо:
ФИФА и УЕФА сакаат да прават пари од се, оставете ни го фудбалот нам кои го сакаме во чиста форма.
На полувремињата и пред стартот има некакви настапи со кореографии, тоа не ни треба на нас љубителите на фудбалот.
Кoј е во право, Кабељо или Марко ван Бастен?

