Фудбал

МИЛАН СИ НАЈДЕ БИСЕР ВО АРГЕНТИНА

Титулата дома е освоена, што беше примарната цел за раководството на росонерите. Следната цел, е засилување на екипата која ќе претрпи неколку битни промени во стартната постава за следната натпреварувачка година.

Додека ги очекуваат новите сопственици кои би требало да „истурат некој динар плус“ во касата на италијанскиот гигант, главните оперативци неуморно трагаат по соодветни засилувања за претстојниот опериод.

Погледите во моментов се насочени кон Аргентина, односно кон играчот за врска на Ривер, Енцо Фернандез кој има 21-на година. Милан ќе понуди 18 милиони евра, а конкурент ќе му биде португалскиот клуб Бенфика.

Минатата сезона, аргентинскиот фудбалер кој е продукт на академијата на клубот, постигна 8 гола и имаше 6 асистенции во 20 настапи за култниот аргентински тим кој во моментов го води тренерот Марсело Гаљардо.