СТОЛЕ ДОБИ НОВ ТРЕНЕР, А ВАЛЕНСИЈА ПОТРОШИ 7,4 МИЛИОНИ ЕВРА
Објавено на: 25.12.2024
Столе Димитриевски доби нов тренер во Валенсија, откако клубот вчера го официјализираше ангажманот на Карлос Корберан. Шпанскиот стратег потпиша договор до 2027 година заменувајќи ја клупската икона Рубен Бараха, кој доби отказ по само една полусезона на кормилото на Лилјаците.
Оваа промена беше неизбежна со оглед на тоа дека Валенсија е претпоследна во Ла Лига со само 12 бода по 17 одиграни натпревари, а не е на самото дно на табелата само поради подобра гол-разлика од Ваљадолид.
Инаку, клубот му исплати 5 милиони евра отштета на Бараха за предвремен раскин на соработката, а до ВБА исплати 2,4 милиони евра за ангажманот на Корберан.
Од наша перспектива, се надеваме дека оваа тренерска смена ќе биде од корист за Димитриевски и ќе се избори за прв голман во тимот, а не само да биде замена за Мамардашвили кога е повреден и кој моментално е позајмен од Ливерпул.