Фудбал

ПОТЕГ КОЈ ЗАСЕГА НЕ НОСИ ПРОМЕНИ ВО ЕДНИОТ КЛУБ, А НАШТЕТИ НА ДРУГИОТ

Помина нешто повеќе од еден месец откако Рубен Аморим го напушти Спортинг Лисабон за Манчестер јунајтед, тренерски трансфер кој засега не вроди со плод.

Црвените ѓаволи и натаму губат натпревари како под водство на Ерик Тен Хаг, стојат на 13-тото место и за првпат во клупската историја Божиќ ќе го дочекаат во вториот дел од табелата. Малку подобра им е ситуацијата во Лигата на Европа, па иако ова е само почеток на ерата на Аморим на „Олд трафорд“, првичниот заклучок е дека за напредок треба уште многу да се работи.

Што се однесува за неговиот наследник во Спортинг, Жоао Переира, и нему воопшто не му е лесно. Впрочем, се случи вистинска реткост, откако Переира доби отказ по само 9 натпревари на кормилото на португалскиот гигант.

Од тим кој газеше сѐ пред себе, Спортинг почна да губи од екипи кои претходно лесно ги надигруваше, а учинокот со Переира на клупата е по 4 победи и порази и ремито без голови со Жил Висенте кое му пресуди на португалскиот стратег вчера да добие отказ. Переира потпиша договор до јуни 2027 година, но клубот очекуваше резултати еднакви на оние на Аморим, па по само 9 меча одлучија да го разрешат.

Потегот на Аморим да ја прифати понудата на Јунајтед која всушност не можеше да ја одбие, засега се покажува дека е тотална утка и за англискиот великан, но и за Спортинг…