Кошарка

УШТЕ КОЛКУ ПАТИ ЌЕ ГО КАЗНАТ МОРАНТ?

Некои луѓе едноставно никогаш нема да ја научат лекцијата, а некои, пак, со своето однесување му пркосат на актуелниот систем и имаат некоја поента за докажување. Дали и која е целта на кошаркарот на Мемфис, или се работи за карактерна особина која не планира да ја смени, ќе дознаеме наскоро.

Екипата на Гризлис повторно го суспендира Џа Морант, откако истиот е регистриран на социјалните медиуми, како мавта со пиштол, поголем од оној за кој веќе еднаш беше казнет. Во март, Морант беше суспендиран на осум натпревари и санкциониран со повеќе од 600.000 долари плата, за ист ваков инцидент.

Морант е суспендиран од сите понатамошни активности на тимот, чекаме насоки од страна на лигата. Во моментов немаме што повеќе да додадеме на оваа тема. – стои во соопштението.

Ќе го толерираат ли ова НБА и Гризлис, или Морант ќе ги загуби договорот и местото во НБА лигата? Знаеме дека во минатото НБА им дозволувала втора, па и трета шанса на лошите момчиња, но тогаш немаше социјални медиуми и влијанието на јавноста беше лимитирано, односно однесувањето на играчите можеше да се прикрие. А сега?