Фудбал

ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ФИЗИЧКИ ДУЕЛ: ТРЕНЕР НА АРГЕНТИНА ГО УДРИЛ ОЛМО

Финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина не заврши само со славје на новите светски шампиони, туку и со голем инцидент на теренот.

По последниот судиски свиреж и победата на Шпанија од 1:0 по продолженија, благодарение на голот на Феран Торес во 106. минута, избувна масовна мешаница во која учествуваа фудбалери, тренери и членови на двата стручни штаба. Во главна улога беше Молина, кој го удри Родри, по што настана мешаница, а главниот „тепач“ беше Паредес кој го турна Гарсија на земја и потоа со зафат замавна по Гави.

Сепак, камерите открија уште еден индицидени во кој во центарот на вниманието се најде Роберто Ајала, поранешен аргентински репрезентативец и актуелен помошник на селекторот Лионел Скалони. На снимките што се појавија на социјалните мрежи изгледа како да замавнува со раката кон Дани Олмо, при што го погодува во пределот на лицето или вратот.

Шпанскиот дефанзивец Ерик Гарсија веднаш притрча и ги раздели двајцата, додека Олмо не возврати на потегот на Ајала.