Фудбал

ПО ПРИМЕРОТ НА НБА: ШПАНЦИТЕ НАГРАДЕНИ СО ПРСТЕНИ ВРЕДНИ 150.000 ДОЛАРИ

Шпанската репрезентација, која вчера ја освои светската титула, доби и историско признание што досега не беше дел од Светските првенства.

Бидејќи Мундијалот се одржа во САД, светските шампиони беа наградени со шампионски прстени, по примерот на американските професионални лиги како НБА, НХЛ и НФЛ.

Станува збор за ексклузивен накит украсен со скапоцени камења, кој ќе биде персонализиран за секој добитник и ќе пристигне со сертификат за автентичност.

Ќе бидат изработени само 2.026 прстени, 30 ќе им припаднат на членовите на шампионската репрезентација на Шпанија, а преостанатите 1.996 ќе бидат достапни за навивачи ширум светот.

Според проценките, прстенот ќе има вредност од околу 150.000 евра, а ќе биде изработен од 14 до 18 карати, што го прави едно од најексклузивните признанија што некогаш ги добиле светските шампиони.