Фудбал

БЕЗ ПРЕСЕДАН: ВО КРАЈОВА ПРШТЕА КАРТОНИ НА СИТЕ СТРАНИ, ЦРВЕН ДОБИ И СПИКЕРОТ (ВИДЕО)

Романска Крајова оваа сезона ќе игра во групната фаза во Конференциската лига откако вчеравечер го елиминира Башакшехир со победа од 3-1 во реваншот и вкупни 5-2 во плејоф рундата. На средбата се виде многу драма, а покрај четирите погодоци и судијата имаше доста работа.

Шлагер делеше картони на сите страни, а „жртва“ на неговите санкции беше и спикерот на домашниот состав. Моментот без преседан во фудбалот се случи во 82-та минута, откако Нсимба погоди за 3-1 во корист на домаќините. Спикерот се занесе во моментот, па судијата мораше да го отстрани од теренот, а овој на излегување продолжи гласно да го извикува името на стрелецот на голот.