Фудбал

БАРСА ГО БАРА, А ТОЈ НЕ КРЕВА СЛУШАЛКА: ФЕРМИН ЧЕКА ТРАНСФЕР НА ОСТРОВОТ?

Иако Фермин Лопес претходно летово потенцираше дека не планира да ја напушти Барселона и покрај интересот од Премиер лигата, се чини дека ситуацијата се смени во последните неколку дена откако Челси покажа конкретен интерес за неговите услуги.

Според „Кадена Копе“ шпанскиот медиум, клубот вчера не успеал да воспостави контакт со Фермин, односно фудбалерот не кревал слушалка по намерата Барса да добие потврда дека неговиот став и натаму е ист. Флик не сака да го загуби младиот офанзивен играч за врска, меѓутоа минутажата која ја добива во последно време не ги задоволува апетитите на Фермин.

Шпекулациите кои кружат деновиве е дека Сините од Лондон се подготвени да платат до 50 милиони евра за шпанскиот репрезентативец, но Барселона би прифатила повисоки 70 милиони евра со што би се подобрила финансиската состојба во клубот и би се решиле проблемите околу регистрација на новите играчи. Сепак, одлуката е само на Лопес дали сака воопшто да замине, па затоа и се случил неуспешниот обид за разговор преку телефон.

Доколку Лопес сега изрази желба да ја напушти Барселона во потрага по позначајна улога во некој друг клуб, тогаш ќе се отпочнат и преговори за евентуален трансфер на Островот.