Фудбал

ЈУНАЈТЕД ПЛАТИЛЕ ЗА ОНАНА ДА ОТПАТУВА ВО АФРИКА ПОДОЦНА ОД ДРУГИТЕ

Андре Онана и Манчестер Јунајтед се чини дека се во центарот на вниманието постојано, дури и кога камерунскиот голман не е дел од тимот поради неговиот ангажман на Африканскиот Куп на нации.

Британскиот The Athletic открива дека црвените ѓаволи дури платиле за Андре Онана да може да биде речиси 2 недели со подолго во тимот на сметка на својот национален тим. Како? Приказната е следна.

Африканскиот Куп на нации се игра на секои 2 години, а оваа година домаќин е Брегот на Слоновата коска. Многу играчи од европските лиги речиси 2 недели пред стартот на првенството заминуваат со своите национални тимови, па така Мохамед Салах го одигра последниот натпревар со Ливерпул на први јануари, а веќе вечерта беше на пат кон Египет.

За разлика од него, Андре Онана последниот натпревар го одигра на 14 јануари, по натпреварот со Тотенхем, а црвените ѓаволи во договор со камерунската федерација се согласиле да пратат приватен авион кој ќе го однесе голманот до тренинг кампот на Камерун. Цената за овој трошок според британскиот медиум изнесува 79 илјади фунти.

Андре Онана и Камерун до сега немаат ветувачки настап во првенството, губејќи од Сенегал во последниот натпревар, а за пласман понатаму потребно им е победа против Гамбија во вторник.