Фудбал

ЉУБИТЕЛОТ НА ОБЛОЖУВАЊЕ СЕ ВРАТИ СО ГОЛ ВО „ДЕБИ“ НАТПРЕВАРОТ

Во Мај претходната година како „бомба“ одекна дека главниот играч на Брентфорд, играчот по кој лудуваат сите големи клубови во Англија, добива 8 месечна суспензија поради прекршување на спортскиот кодекс, откако бил фатен дека се обложувал на спортски натпревари.

По 8 месеци, Иван Тони се враќа на теренот и во првиот натпревар по суспензијата постигнува гол од слободен удар.

За да биде овој камбек уште пофасцинантен, Тони постигна гол против истиот тим кој го постигна последниот гол пред суспензијата.