Останато

УКРАИНСКАТА „КАЦИГА НА СЕЌАВАЊЕ“ КОЈА ЈА ЗАБРАНИЈА ВО МИЛАНО-КОРТИНА

Украинскиот натпреварувач во скелетон (санкање) Владислав Хераскевич најави дека сака да настапува со т.н. „кацига на сеќавањето“ на Зимските олимписки игри, и покрај забраната од Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОК).

На кацигата се наоѓаат фотографии од украински спортисти кои загинале во војната. Хераскевич ја носеше на тренинг во средата, иако претходно му било соопштено дека тоа не е дозволено.

Верувам дека имаме целосно право да ја носиме оваа кацига во натпреварување, затоа што е во согласност со правилата. Мислам дека ИОК нема доволно црни ленти за да им оддаде почит на сите спортисти.

ИОК засега не потврди дали би можел да биде дисквалификуван доколку продолжи да ја носи кацигата. Според Правилото 50.2 од Олимписката повелба, „никакви демонстрации или политичка, верска или расна пропаганда не се дозволени на олимписките терени“.

Портпаролот на ИОК, Марк Адамс, изјави дека ќе стапат во контакт со Хераскевич за да му ги „повторат бројните можности да ја изрази својата тага“ во рамки на дозволеното.

Во меѓувреме, Украинецот не се стишува и борбата ја префрли и на социјалните медиуми.