ЛЕКЦИЈА ОД ДУВЊАК ДО ПОМЛАДИТЕ, СЕ ВРАТИ ДА ИГРА СО ИЗМЕСТЕН ПРСТ
Објавено на: 12.02.2026
Сцена што ја замолкна салата и ги остави гледачите без здив ја одбележа драматичната победа на Кил во Бундеслигата. Капитенот Домагој Дувњак незгодно го измести во еден дуел, мораше на итна лекарска интервенција, а потоа се врати на теренот како ништо да не се случило.
Кил славеше на тешкото гостување кај Рајн Некар Левен со 27:28, со гол во последната секунда. Но резултатот падна во сенка на моментот кога камерите го уловија лекарскиот тим како му го наместува прстот назад во природна положба.
View this post on Instagram
И покрај болката, легендарниот хрватски ракометар стисна заби и се врати во игра. Потег што ја потврди неговата репутација на борец и лидер , човек кој не се повлекува кога е најтешко.
Во меч од ваков интензитет, секој детал одлучува. А Дувњак уште еднаш покажа зошто со години е симбол на карактер и пожртвуваност во европскиот ракомет.