УКРАИНСКАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ПРОДОЛЖУВА ДЕНЕСКА, СО СКРИВНИЦИ НА ДОФАТ
Објавено на: 23.08.2022
Украинската фудбалска лига продолжува и во војна, сите натпревари ќе се одиграат во предвидениот термин за рестарт на фудбалското првенство на оваа земја која е нападната од Русија.
На стадионите нема да има публика, а ако се случи каков било напад од која било страна, на фудбалерите и стручните штабови на екипите им е наложено да трчаат кон засолништата.

Како ли ќе играат фудбал овие луѓе, како ли ќе изгледаат овие натпревари?