Фудбал

НОВИ САНКЦИИ ЗА ФИНАНСИСКИ НЕПОСЛУШНИТЕ КЛУБОВИ

Европската куќа на фудбалот подготвува нови санкции за клубовите кои трошат повеќе отколку што заработуваат, односно за оние кои немаат финансиски баланс предвиден со финансискиот фер плеј на Европската куќа на фудбалот.

Меѓу клубовите кои ќе бидат санкционирани, од големите се споменуваат Барселона, ПСЖ, Јувентус, Интер и Рома. Тоа ќе се случи следниот месец, а информацијата доаѓа од престижниот медиум Тајмс и би требало да се смета за релевантна.