Фудбал

И, НА КОГО ТИПУВАШЕ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН?

За помалку од еден час и официјално стартува новата сезона во Лигата на шампионите, која ќе биде втора откако се игра новиот систем со лигашки дел од 36 екипи.

Најпрестижното европско клупско натпреварување го отвораат два дуели, во Билбао ќе се сретнат Атлетик и Арсенал, а ПСВ во Ајндховен ќе го пречека белгискиот Ројал Унион. Во ударниот термин 21 часот вниманието ќе го присвои средбата на Бернабеу, каде Реал Мадрид го пречекува Марсеј, а играат уште Бенфика – Карабах, Јувентус – Дортмунд и Тотенхем – Виљареал.

Покрај што можевте да ги најдете најдобрите коефиценти во најбогатата понуда за премиерното коло, секако кај нас може да се типува и победник, односно кој ќе биде европски првак за сезоната 2025/26.

Сигурни сме дека веќе сте ја искористиле и оваа понуда, но не е на одмет пред почетокот да се потсетиме кои се фаворитите за оваа сезона.

Ливерпул и Барселона имаат по 7 коефициент, следи бранителот ПСЖ со 7.50, додека Арсенал со 8, односно Реал Мадрид со 9 коефицинет ја комплетираат топ 5 листата на фаворити. Манчестер сити е веднаш зад нив со 10 коефициент, а за Интер како актуелен вицешампион се нуди 28 коефициент.

Секако, има коефициенти и за аутсајдерите, на сите 36 екипи може да се типува потенцијален шампион, без разлика колкави им се шансите.

Па ние ве прашуваме, на кој тим типувавте дека ќе стигне до европскиот трон оваа сезона?